-->

Неколку интересни причини за откажување од пушењето

Според некои истражувања, се чини дека 70% од пушачите сакаат да престанат со оваа лоша навика. Но, многумина и покрај желбата, тешко успеваат да им одолеат на цигарите.

Иако сите ги знаат негативните влијанија кои цигарите ги имаат на здравјето, како ракот, зголемен ризик од мозочен и срцев удар, како и општа лоша физичка состојба, многумина едноставно не можат да се откажат. Но, освен лошото влијание на здравјето, кое е главен мотиватор за одвикнување, постојат уште низа други интересни причини поради кои би требало да престанете да пушите.

Поради вашите блиски
Доколку не можете да ги отфрлите цигарите поради вашето здравје, направете го тоа поради вашите блиски. Пасивното пушење може да предизвика респираторни проблеми кај вашите блиски, рак на белите дробови или носот.

Поради убавина
Освен што пушењето може да го намали животниот век, делува погубно и на кожата и предизвикува длабоки бори кои ќе ве направат постари.

Поради домашниот буџет
Ви недостасува мотивација за одвикнување? А рецесијата? Осиромашен домашен буџет? Парите се прилично добар мотиватор. Баш како што лицата кои сакаат да ослабат и полесно држат диета ако следи финансиска награда и пушачите полесно успеваат доколку имаат финансиска корист.

Поради кладба
За полесно да се откажете, зошто да не ставите кладба со вашите пријатели? Освен што ќе ја отфрлите нездравата навика, веројатно нешто и ќе ќарите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com