Вакцина за машка контрацепција
Кинеските научници развиле вакцина за контрацепција, наменета за мажи, која е исто толку ефикасна како и женските апчиња за контрацепција.
За време на двегодишното истражување, научниците од Националната асоцијација за планирање на семејството во Пекинг вакцинирале 1.000 доброволци. Вакцината се базира на машкиот хормон тестостерон, кој има важна улога при контрола на производството на спермата.
За време на испитувањето, партнерката на секој 100-ти доброволец останала бремена. Сепак ниту еден облик на контрацепција не е 100 проценти ефикасен. Еден до два отсто од жените забременуваат и при користење на апчиња за контрацепција. Имајќи го предвид овој податок, тогаш слободно може да се заклучи дека вакцината е подеднакво ефикасна при спречување на несаканата бременост како и женското апче.
Мажите кои учествувале во истражување биле со добро здравје, на возраст од 20 до 45 години, и сите две години пред истражувањето добиле барем по едно дете. Партнерките на испитаниците биле на возраст од 18 до 38 години и исто така немале здравствени или репродуктивни проблеми.
-Паровите кои не можат или не сакаат да користат само контрацепција за жени имаат ограничени опции, на пример вазектомија, кондоми или вадење на пенисот пред ејакулацијата. Нашата студија покажа дека машката вакцина за контрацепција може да биде адекватна алтернатива, вели докторот Ју Кун Гун, еден од авторите на студијата.
Научниците со децении трагаат по адекватна алтернатива за машка контрацепција, но досега не успеаја да ги контролираат машките хормони, како што тоа го прави женската контрацепција.
Кинеските научници тврдат дека краткорочните испитувања покажаа дека нема несакани ефекти, како што е намалување на либидото и нагли промени на расположение и оти шест месеци по примањето на последната инјекција квалитетот на спермата и бројот на сперматозоидите се вратил на вообичаеното ниво. Сепак научниците велат дека се потребни дополнителни испитувања за да се утврдат евентуалните долгорочни последици.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)