-->

Америка подготвува сајбер војници

Бидејќи американската војска е разочарана од системите за електронска заштита кои се развивани за цивилни цели, ќе предложи основање на посебни воени единици задолжени за сајбер безбедност.

Генералот Кит Александер, првиот човек на одделот на американската војска Cyber Command, не е задоволен од одбрамбените и офанзивните можности на американската војска кога е во прашање он-лајн безбедноста. Неговиот план е на одборот за вооружени сили при американскиот Конгрес да му предложи засилување на ресурсите и персоналот задолжен за електронска сигурност на САД.

Cyber Command е основан неодамна и сеуште е во процес на формирање кој треба да заврши во 2010 година. Доколку Конгресот ја послуша оценката на генералот, Cyber Command ќе биде респектабилна дигитална сила.

Во исто време, на другата страна од светот, во државата со која САД сосема добро одржува состојба на ладна војна, Северна Кореја, основани се технолошки извидувачки одреди. Јужна Кореја смета дека овие одреди се создадени за да изведуваат напади на јужнокорејските и американските компјутерски мрежи со посебен акцент на оние мрежи кои ги користат вооружените сили.

И покрај тоа што Северна Кореја е позната како една од технолошки најмалку напредните земји, нејзиниот јужен сосед прилично сериозно ги сфати овие воени единици, а се чини дека пред командата на генералот Кит Александер е и првата задача.

 

Copyright © 2009 selotejp.com