-->

Видео: Проколната куќа со вжештен под


Италијанско семејство од Сицилија се плаши дека куќата им е опседната од духови, откако подот во нивниот дом почнал да се загрева до таа мерка што на него можеле да испржат јајце!

Овој бизарен настан се случи на Сицилија, каде што царува Етна, еден од најактивните вулкани на светот. Сепак, стручњаците се уверени дека нема никакви геолошки и научни причини за вакви температури во Риеси.

Температурите достигнале 100 степени Целзиусови и пареа се издигала од подот.

„Подот се загреваше цела недела за одеднаш да проврие. Тогаш ја повикавме полицијата и пожарникарите“, вели уплашената мајка Марија Фјандача.

“’Беше многу застрашувачки“, изјави еден сосед.



„Кога науката и природата немаат одговори, веројатно станува збор за паранормална појава. Некој се обидува да комуницира со нас“, велат тие.


 

Copyright © 2009 selotejp.com