-->

Видео: Капитенот на Коринтијанс ќе изгореше славејќи


На кого му падна на памет да го прекрие човекот со хартија и истовремено зад грб да си игра со пиротехника, не знаеме, но затоа знаеме дека Вилијам не ќе мора да се депилира веќе извесно време. Погледнете!

Коринтијанс во неделата ја освои својата 26 титула во сојузната држава Сао Паоло. Роналдо и компанија во првиот меч од финалето на гости против Сантос славеше со 3:1, а во реваншот одигра 1:1 што беше доволно да се крене трофејот во Паулиста.

За жал овој чин на капитенот на Коринтијанс, Вилијам нема да му остане во сеќавање по добро, бидејќи за малку целосно ќе изгореше.

Беше прекриен со конфети, а истовремено точно зад грб беше запалена ракета, па фудбалерот се претвори во жив факел.


 

Copyright © 2009 selotejp.com