-->

Најмалку Фејсбук корисници во ЈИЕ има од Македонија

Жителите од Србија имаат најмногу отворени налози на глобалната мрежа Фејсбук од сите држави во Југоисточна Европа. Во истражувањето на adriatik.com биле вклучени пет држави - Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Вкупниот број корисници на Фјесбук во регионот надминал 2,3 милиони од кои од Србија има 849.440. Бројот на „Фејсбуковци“ во изминатите 45 дена пораснал за 50.000.

Следуваат Хрватска - 662.100 корисници, БиХ со 340.680 и Словенија 302.220 корисници. Најмалку има корисници од Македонија 169.680 лица.

Според полот, 50,1 отсто се жени и 49,49 мажи.

Дури 71 отсто од корисниците на Фејсбук се на возраст меѓу 18 и 35 години.

Бројот на корисници на Фејсбук во Србија е 11,32 отсто од популацијата, во Хрватска 14,71, во Словенија 15,1, во БиХ 7,57 и во Македонија 8,48 отсто.

 

Copyright © 2009 selotejp.com