-->

Необични пици

Замислете мени во кое што пишува Викторија Бекам за двајца, Мерлин Монро за носење или Барак Обама на парче. Верувале или не, станува збор за вистинска приказна.


Пруденс Стејт и нејзините соработници се уметници во кујната. Со помош на сирење, лук и друг зеленчук овие Британци “сликаат на чинија” додека од чоколадо изработуваат мини автомобили, делови од мебел и шаховски табли со сите фигури.

Сепак најголемата атракција на овие уметници е изработката на пици со ликови на познати актери, пејачи и политичари.

Портретите на Тони Блер, Елизабета II, Сузан Бојл и многу други се подготвени од истите состојки од кои што се прави вообичаена пица.

Пицата на Викторија Бекам е направена од маслинки и други солени плодови, а моцарелата и биберот се карактеристични за пицата Тони Блер, додека во Барак Обама преовладуваат пченка и шунка.


 

Copyright © 2009 selotejp.com