-->

Национална програма за практикантска работа и вработување "Моја кариера"

Директорот на Проектот за конкурентност на УСАИД Нимиш Џавери денеска потпиша меморандуми за соработка со дваесетина македонски компании за реализација на Националната програма за практиканска работа и вработување „Моја кариера“.

Со Програмата на компаниите им се дава можност за стратешко планирање на нивните човечки ресурси, а на студентите да стекнат искуства во реална деловна средина и да развиваат деловни односи. Главната цел, според Џавери, е да се институционализира практиканската работа во Македонија, а со тоа и компаниите да ги најдат и ангажираат најдобрите таленти на пазарот на трудот.

- Наша цел е да имаме 500 студенти кои ќе бидат вклучени во практикантска работа оваа година, а до следната се надеваме дека бројот ќе изнесува 2.000 и оти студентите и компаниите ќе ја увидат вредноста и бенифициите од програмата. Им помагаме на универзитетите да воспостават центри за кариера, а на компаниите да назначат ментори за таа работа и ги обучуваме студентите како најдобро да ја искористат можноста, рече директорот на Проектот по потпишувањето на меморандумот во Македонската берза.

Спред Весна Ивановска, преставник на компанијата Сивус, воведувањето на студентите во работниот процес е важно, бидејќи, како што рече, овозможува да се премости јазот од очекувањата на студентите и она што го избрале за студирање од една страна и реалниот процес на работата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com