-->

УЕФА потврди: Флечер, Абидал и Алвеш без финале

Манчестер Јунајтед во Финалето од Лигата на шампиони ќе игра без Дарен Флечер, додека Барселона во Рим нема да може да смета на Ерик Абидал и Дани Алвеш, потврди УЕФА.

Како што се очекуваше, жалбите на овогодинешните финалисти од елитното натпреварување се одбиени. Комисијата на УЕФА соопшти дека судиските одлуки и доделувањето црвени картони на Абидал и Флечер, како и жолтиот на Алвеш, се сосема исправни.

"Не ги прифативме жалбите на Манчестер и Барселона. На тројца играчи им е одреден по еден меч суспензија и тие ќе ја отслужат казната на финалниот натпревар од Лигата на шампиони, во Рим на 27 мај", соопшти УЕФА.

 

Copyright © 2009 selotejp.com