Листовиден зеленчук за здрави коски
Пролетта е вистинско време да ја збогатите исхраната со зелен листовиден зеленчук. Можеби за многумина ова не е највкусната храна, но овој зеленчук e вистинска ризница на здравје.
Покрај млечните производи, зелениот листовиден зеленчук е најбогат извор на калиум кој е особено важен за здравјето на коските. Освен калиум, спанаќот, блитва и зелената салата содржат витамин А и Ц, влакна, како и многу други есенцијални витамини... Еве мал водич за зелениот зеленчук.
Зелена салата
Зелената салата има смирувачко дејство, односно, одлична е доколку сакате да се смирите пред спиење. Сепак, овој зеленчук исто така ја намалува и сексуалната желба. Значи зелената салата целосно смирува поради големото присуство на супстанцата лактиум, која делува како седатив.
Освен смирувачко дејство, зелената салата, според тврдењата на тексашките научници, ги штити белите дробови, особено на пушачите. Истовремено оваа салата е вистински сојузник во борбата со вишокот килограми. Содржи калиум, фосфор, магнезиум, како и витамин Ц, каротен (провитамин А), витамин Е, витамин B1, B2, B6 и нијацин. Им се препорачува на дијабетичарите, лицата кои страдаат од срцеви, бубрежни болести и гихт. И за крај треба да знаете дека надворешните листови на зелената салата имаат двојно повеќе витамин Ц, отколку внатрешните.
Блитва
Блитвата спаѓа во групата на ниско-калорични намирници, богата е со магнезиум, железо и витамин Б и Ц. Покрај тоа, блитвата содржи материи кои се од особено значење за црвената флора. Целулозните влакна за себе врзуваат вода (а со тоа и маснотии и отровни материи), го забрзуваат движењето на храната низ цревата и на тој начин се отстрануваат проблемите со варењето. Високата концентрација на калиум, железо, магнезиум и витамин Ц, ја прават блитвата особено вредна намирница. Богата е со комплексни јагле хидрати, така што претставува извор на глукоза, која е неопходна за работата на мозокот. Помага при нервоза и недостиг на концентрација, го намалува нивото на мастите во крвта, ја штити слузокожата и поттикнува создавање црвени крвни зрнца.
Одлична е за подготвување на лесни јадења, а најдобра е во комбинација со компир и лимонов сок, бидејќи така се спречува создавање штетни соединенија.
Идеалната количина на блитва по лице е 150-200 грама, бидејќи преголемата количина придонесува во цревата да се создадат нетипични соединенија кои го спречуваат биолошкото искористување на калиумот.
Спанаќ
Спанаќот е извонреден извор на витамин Ц и бета-каротен, важни антиоксиданси кои го штитат организмот од мозочен и срцев удар. Исто така новите истражувања потврдија дека спанаќот е добра чувар на видот, поточно богат е со лутеин, кој ја спречува појавата на слепило.
Спанаќот треба да го избегнуваат лицата со нарушена функција на бубрезите и мочниот меур, како и лицата со гихт или кои страдаат од камен во бубрег.
Коприва
Копривата содржи значајна количина на хлорофил, минерални соли (калциум, калиум, железо, фосфор), како и витамин Ц и провитамин А. Таа е богата со флавоноид, тритерпен, стерол, и други состојки кои позитивно делуваат на нашиот организам.
Поради големиот процент на железо, се препорачува на болните од леукемија. Копривата е одлична и против реума, подобрување на мокрењето, како и за поттикнување на лачењето млеко кај доилките. Копривата не смее да се јаде или користи сирова бидејќи може да ги оштети бубрезите. Со оглед на тоа дека влијае врз зголемени лачење на урина, при почеста употреба треба да се внимаваат на губењето калиум, поради што им се препорачува земање храна богата со минерали.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)