Се сексале во дворот на Кралицата Елизабета
ЛОНДОН - Вчера попладне Кралицата Елизабета беше во својот дом во замокот Виндзор, чуварите беа на стража, а на огромниот тревник околу величествената градба вриеше од туристи.
Не требаше многу за луѓето да воочат дека нешто не е како што треба кога еден пијан пар пристигнал од блискиот ресторан и почнале да водат љубов на тревникот пред замокот, велат очевидците.
"Еден од прозорците во стражарницата се отвори, и кога војникот виде што се случува, им кажа на другарите и се отворија уште прозорци" изјави очевидецот Марк Робинсон за весникот "Сан".
"На двајцата воопшто не им беше гајле кој ги гледа и си продолжија како да се дома во спалната соба".
Јапонските туристи го снимиле парот, кој прекинал со активностите кога полицијата пристигнала на местото на настанот, велат сведоците.
Полицијата од Долината на Темза изјави дека мажот и жената биле уапсени и дека добиле писмено предупредување поради непристојно однесување во јавност.
Кралицата била во замокот за време на чинот, но од нејзиниот кабинет одбија да дадат коментар во врска со случајот.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)