-->

Се самоуби депресивна мазга


Видно депресивна мазга загина откако се фрли од карпа, наводно за да ја избегне тешката физичка работа која вклучува влечење камења во каменолом во источна Кина.

Еднa мазга по неколкугодишна тешка работа во рудник во Кина, изврши самоубиство, откако ги доби своите десет секунди слобода.

Несреќното животно се фрлило во провалија, веднаш штом било ослободено за прв пат во својот живот. Мазгата цел живот работела во каменолом во кинескиот град Венжу, носејќи камења.

Работник од каменоломот покрај градот Венжу изјави: „Прв пат кога не беше впрегната, ја искористи шансата да си го одземе животот и да си ги скрати маките.“

Магарињата се загрозени и заради предебели туристи

Кутрите магарињата кои живеат на туристички места, често носат толку дебели туристи чија тежина дури ја надминува тежината на магарето кое го јаваат, па во нивна заштита застана здружението за помош на животни Brooke Charity.

Така споменатото здружение за заштита на животните во неволја посебно го наведе градот Петра во Јордан и разгледувањето на пирамидите во Каиро со пригодна изјава: „И тие се живи суштества, а не машини. Пред таквите луѓе да седнат на коњ или магаре, задолжително треба да им се споредат тежините.“

 

Copyright © 2009 selotejp.com