-->

Вердер и Шахтјор со чудесни победи во финалето


Во третиот и најважен дуел од четирите средби меѓу Хамбургер и Вердер во текот на само три недели, клубот од Бремен на гости на Нордбанк Арена му го нанесе најтешкиот удар на големиот соперник и ќе игра во Истанбул против Шахтјор кој во последните мигови го совлада Динамо.

По феноменалните 1:0 од првиот натпревар во Бремен, Хамбургер во реваншот имаше и водство и веќе резервиран билет за финалето од Купот на УЕФА на 20 мај во Истанбул.

Меѓутоа Вердер, на крилата на Диего и Пизаро направија пресврт од 0:1 во 3:2 и му го нанесоа најголемиот пораз на Хамбургер кого исто така го исфрлија и од германскиот куп.

Интересно за само три недели Вердер и Хамбургер ќе одиграт вкупно четири средби. Прво на 22 април, тимот од Бремен го исфрли ХСВ од германскиот куп, па играа два пати во Купот на УЕФА, а на десетти, по три дена играат во редовното коло од Бундеслигата.



На другиот меч, во украинскиот двобој Шахтјор испадна поуспешен од Динамо Киев и со победата од 2:1 избори историски пласман во финалето од УЕФА Купот.

Домаќините поведоа во 17 минута преку Бразилецот Жадсон, а во 47 минута Динамо израмни на 1:1 со голот на Бангура, резултат кој ќе значеше продолженија. Сепак во последните мигови од мечот Илсињо му донесе радост на домашниот состав кој ќе ја има премиерната финална вечер во евронатпреварувањата на 20 мај во Истанбул.


 

Copyright © 2009 selotejp.com