-->

Шпиуни на Фејсбук

Радикалните исламистички групи се служат со Фејсбук и другите друштвени мрежи за да им се приближат на Израелците и се обиделе да допрат до тајни и чувствителни информации.

Според извештајот на тајната израелска служба Шин Бет, агенцијата неодамна примила жалба од израелски државјанин кој ги известил дека преку Фејсбук комуницирал со еден либански трговец кој му понудил голема количина пари во замена за некои тајни информации.

Израелецот го прекинал контактот со својот либански соговорник, а подоцна се утврдило дека истото им се случило на многумина. Шин Бет ги повика Ирзаелците да ги предупредат на сомнителни контакти преку интернет.

Една од милитантните групи е и либанскиот шиитски Хезболах кој на овој начин регрутира израелски шпиуни.

 

Copyright © 2009 selotejp.com