Тимот на Кливленд во најкраток можен рок стана првиот финалист на плејофот од Источната конференција на НБА лигата, совладувајќи ја Атланта со максимален резултат од 4:0.
Предводени од Леброн Џејмс, одлучувачката победа во полуфиналната серија КЛивленд утрово ја оствари утрово во Атланта - 84:74. Освен Џејмс, кој со 27 поени беше најефикасен актер на натпреварот, во редовите на Кливленд се истакнаа и Илгаускас (14 поени и десет скокови) и Деронте Вест кој постигна 21 поен.
Во поразениот тим се истакаа Џош Смит со 26 и Џое Џонсон со 18 поени.
Во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција, Далас како домаќин го совлада Денвер со 119:117 и успеа да намали на 3:1.