-->

Халед Мешаал реизбран за лидер на Хамас

Лидерот на радикалното палестинско движење Хамас, Халед Мешаал, е реизбран за уште четири години на чело на движењето, пренесоа светските агенции.

Тоа се случи на седница на раководството на Хамас, што вчера се оддржа во сирискиот главен град Дамаск, каде Мешаал живее во прогонство.

Ова ќе му биде четврт мандат на Мешаал на раководната функција во движењето, кое го предводи од 1996 година.

Мешаал (53 години) е женет и има седум деца. Во 1997 година израелски тајни агенти се обидоа да го убијат во Јордан. По обидот за убиство тој се пресели прво во Катар, а потоа во Дамаск.

Хамас избра и ново извршно биро, во кое има и тројца лидери на радикалната организација кои се наоѓаат во појасот Газа - Махмуд Захар, Халил ал Хаја и Низар Авадала. Извршното биро, раководниот орган на Хамас, е сместено и во Дамаск, и во појасот Газа.

 

Copyright © 2009 selotejp.com