-->

Познат изгледот на првиот Европеец

Научниците успеале да направат модел од лицето на првиот Европеец (маж или жена), кој живеел на подрачјето на Карпатите, денешна Романија, пред околу 35.000 години.

Реконструкцијата на лицето се базира на деловите од череп и на коските од вилицата пронајдени во романска пештера, каде што денес, обично, мечките го поминуваат зимскиот сон, пишува списанието „Индепендент“.

Лицето на Европеецот е многу слично на неговите африкански предци, тврдат форензичарите, кои го изработиле моделот од глина прецизно мерејќи ги деловите од лицето. Реконструкцијата е направена за потребите на серијата на „Би-Би-Си“, „Неверојатното патување на човекот“, која го следи развојот на луѓето и нивната еволуција од родната Африка до нивното населување во најдалечните делови од светот. Научниците велат дека не може неговиот тен да е многу потемен од тенот на кожата типичен за денешните Европејци.

 

Copyright © 2009 selotejp.com