Силата на нуклеарната бомба која денеска ја тестираше Северна Кореја била околу 20 килотони, изјави претставник на руското Министерство за одбрана.
Пробата е извршена „на ист терен на североисток во Северна Кореја каде во 2006 година беше извршен првиот нуклеарен тест“, додаде изворот од Министерството за руски медиуми.
Пјонгјанг претходно соопшти дека успешно била извршена нуклеарна проба. Во минатиот месец властите во Пјонгјанг предупредија дека на тој начин ќе реагираат на заострување на меѓународните санкции поради лансирањето баслистичка ракета.
„Во согласност со барањата на нашите научници и техничари, нашата Република на 25 мај успешно изведе уште една подземна нуклеарна проба...во рамки на мерките за јакнење на нејзината самоодбранбена нуклеарна моќ“, се вели во соопштението пренесено од севернокорејски медиуми.
Властите во таа држава на 29 април најавија дека ќе извршат втора нуклеарна проба во знак на протест поради тоа што Советот за безбедност на ОН осуди лансирање балилстичка ракета со голем дострел и ги заостри меѓународните санкции.
Јужнокорејскиот претседател Ли Мјунг-бак денеска закажа состанок на Владата поради нуклеарната проба на северниот сосед.