-->

Шокантни ефекти на кафето цигарите и алкохолот врз мозокот

Ефектите кои долготрајната и прекумерна консумација на кафе и цигари го имаат врз мозокот може да бидат еднакви на оние кои ги предизвикуваат марихуаната и кокаинот. Освен тоа, може да резултираат со ’дупки’ во мозокот кои се слични на оние кои настануваат од Алцајмерова болест.



Нормален мозок

Понекогаш лошото функционирање на мозокот настанува како резултат на илегални и легални супстанци кои го затвараат дотокот на крв до некои подрачја на мозокот. Тоа пак ја намалува активноста во тие подрачја, во зависност од тоа колку широко е погодено тоа подрачје, и може да влијае на човечкото однесување, се наведува во книгата ’Change your brain change your life’ која стана бестселер во САД, а ја напишал психијатарот и неврологот Даниел Г. Амен, професор по психијатрија и човечко однесување, на универзитетот во Калифорнија, и директор на клиниката Амен.



Кофеин и цигари:Сликата покажува дека мозокот на личноста која претерано пуши и пие кафе изгледа полошо од мозокот на алкохоличар или наркоман. Кофеинот и цигарите се стимуланси кои делуваат краткотрајно, но долгорочно можат да предизвикаат стеснување на крвните жили во мозокот. Тоа пак ја намалува активноста на мозокот и тоа се случува најчесто во предниот дел, веднаш под челото.

Тој дел од мозокот е заслужен за учење од сопствените грешки, а оштетувањата настанати на тој дел не прават поподложни на депресија. Големите мртви точки во средината на мозокот се поврзани со послабо памтење.



Алкохол:Голема количина на алкохол ги затвора крвните жили во мозокот поради што умираат мозочни келии, посебно во предниот дел на мозокот. Тој дел од мозокот го контролира и надгледува човековото однесување, па оштетувањата настанати на тој дел може да предизвикаат лоши процени, слаба самоконтрола и зголемен ризик од депресија.

Освен тоа, алкохолот многу брзо може да влијае на темпоралната регија, а тоа е подрачје во кое се процесира говорот, музиката, памтењето и расположението.



Канабис:Како и останатите ’рекреативни’ дроги, канабисот ја намалува циркулацијата на крвта, поради што се оштетуваат и умираат келии во мозокот. Истражувањето на Др. Амен покажало дека притоа најчесто страда темпоралната регија, а тоа се гледа по црните дупки на средината на сликата. Тоа е подрачје одговорно за паметење.

Ова е фотографија од 16 – годишно момче кое секојдневно во текот на две години пушело марихуана.

Црните подрачја на мозокот се таканаречени мртви точки каде нема активности поради слабата циркулација на крв. Зависно од локацијата на тие мртви точки, се менува однесувањето на личноста. Ако мртвите точки се појавуваат на предниот дел на мозокот кој го контролира размислувањето, способноста за донесување на одлуки.

Меѓутоа, добрата вест кај консумирањето на кафе е алкохол е дека кога еднаш престанат да се консумираат мозокот повторно се опоравува.

 

Copyright © 2009 selotejp.com