-->

Справете се со горушицата

Десет отсто од Американците секојдневно се жалат дека ги пече желудникот, додека секој трет од време навреме ги има истите проблеми. Лицата кои страдаат од горушица секоја година трошат по илјадници долари на препарати кои ќе им ја намали киселоста на желудочниот сок и ќе им го олесни непријатното чувство во градите.

За да се ослободите од горушицата, потребно е да се знаат причинителите, а потоа и соодветните мерки.

1. Повремено имате чувство на печење зад градната коска и тоа најчесто откако ќе изедете нешто масно, премногу зачинето, солено, пржено, сок од цедено јужно овошје или домат. Медицинската статистика укажува дека од 30 до 50 отсто од пациентите хоспитализирани со дијагноза стенокардија и инфаркт на миокардот имаат потполно здраво срце и крвни садови. По направените прегледи најчесто се открива дека силната болка во градите е предизвикана од горушицата.

Пациентот најчесто има горчлив и кисел вкус во устата. При ваква состојба можете сами да си помогнете доколку испиете чаша ладна вода, млеко или чаша алкална минерална вода или пак земете апче кое ја неутрализира киселината во желудникот.

2. Сакате мастики за џвакање со вкус на пеперминт или спеарминт, кафе, црно чоколадо, редовно консумирате алкохол ли газирани пијалаци? Сите овие производи го ослабуваат долниот езофагусен сфинктер (DES), прстенест мускул меѓу хранопроводот и желудникот. При голтање овој мускул се отвора за храната да стигне до желудникот. Овој мускул треба да биде затворен за киселината од желудникот да не се враќа во хранопроводот и да предизвикува горушица. Лекарите советуваат да пиете кафе без кофеин, да јадете бело чоколадо и максимално да ги избегнувате газираните пијалаци и алкохолот.

3. Лукот честопати е причина за појава на горушица. За да ја избегнете оваа непријатност, не пржете го на масло туку прелијте го со врела вода, а потоа додајте го во јадењето кое го подготвувате. Во моментов зелените пазари се преполни со млад лук, а зелените перца нема да ви создаваат тегоби, доколку ги држите во фрижидер, така нема да бидат премногу лути.

4. Лицата кои прават големи паузи меѓу оброците најчесто го имаат овој проблем. Внесувањето поголеми количини храна сигурно ќе предизвика горушица. Освен тоа, кога ќе завршите со оброкот, станете, исправете ги рамената и останете исправени барем 10-15 минути за храната целосно да влезе во желудник.

5. Водите сметка да вечерате барем три часа пред да легнете да спиете. Легнувањето после јадење придонесува за задржување на храната во хранопроводот. За навечер да не ве мачи горушницата, ставите уште една перница под глава.

6. Никотинот ја зголемува киселоста на желудочниот сок, а самиот процес на пушење го зголемува голтањето на воздухот. Зголемената киселост и притисок во желудникот се главни причини за болките зад градната коска. Престанете да пушите.

7. Вежбите на лентата за трчање, дигањето тегови, стомачните вежби и другите физички активности го зголемуваат притисокот врз желудникот и придонесуваат за враќање на дел од храната во хранопроводот. Се препорачува да не јадете два часа пред вежбање.

8. За време на бременоста, со растењето на матката се зголемува притисокот врз желудникот, поради што се јавува горушица. Кон ова придонесува и хормонот прогестерон, поради што ослабува сфинктерот меѓу хранопроводот и желудникот. Водите сметка да не се прејадувате, а избегнувајте ја и премногу масната и премногу зачинетата храна. Не легнувајте веднаш после јадење, а кога ќе легнете, свртете се на десната страна бидејќи така желудникот полесно се празни. Лекарите советуваат да пиете јогурт, грицкате бадеми или немасен кекс.

9. Нападите на кашлица предизвикуваат поместување на дијафрагмата, која ја бутка содржината од желудникот во хранопроводот. Затоа се препорачуваат сирупи против шлајм, кои истовремено го олеснуваат и искашлувањето.

10. Аспиринот е всушност киселина (ацетил-салицилна) која кај осетливите лица предизвикува дразнење на слузокожата на желудникот. Аспиринот заменете го со анаглин или панадол. Замолете го лекарот да ви препише некоја лек кој не предизвикува вакви проблеми.tta

 

Copyright © 2009 selotejp.com