-->

Банани, деца и секс за добро здравје

Според медицинските експерти постојат шеснаесет правила по кои што треба да се раководи една жена.


Хигиената без сомнение е едно од најважните нешта кое што може да го спречи развојот на многу сериозни инфекции. Но и преголемата хигиена не е корисна за вашето здравје.

Според истражувањето на британските доктори, жените кои што користат антибактериски средства наместо обичен сапун се поранливи на инфекции бидејќи силните антибактериски средства ја нарушуваат бактериската рамнотежа на телото. Корисните бактерии се уништуваат додека за сметка на тоа остануваат патогените кои што можат да направат сериозни штети.

Оралната контрацепција или поточно земањето контрацепциски апчиња утрото по сексот, освен што ја спречува бременоста влијае врз намалување на ризикот од рак на јајниците за 20 проценти во период од триесет години од користење на третманот.

Црниот чај е поздрав од зелениот. Тој ја заштитува вашата усна празнина од бактерии. Влијае врз намалувањето на кариесот и го спречува создавањето на крвни згрутчувања.

Диеталната кола не е добра за вашето здравје. Содржи определена количина фосфорна киселина ( Е338) која целосно го отстранува калциумот од вашиот организам. Таа може да предизвика ослабување на коскеното ткиво како и да предизвика други заболувања на коскената структура.

Некои експерти тврдат дека мало количество алкохол може да биде здраво за вашиот организам. Сепак според други истражувања секој тип алкохол предизвикува рак. На пример црвеното вино предизвикува рак на градите.

Фолната киселина е една од шесте најважни супстанци за женското тело. Недостатокот од оваа киселина може да предизвика сериозни штети во периодот на бременоста. Кога организмот располага со соодветна количина на киселина се спречува стареењето на очната ретина, една од најчестите причини за појавата на слепило кај постарите лица.

Едно неодамнешно британско истражување кое што било спроведено на еден милион жени покажало дека индексот за идеална телесна маса изнесува 24. За да го пресметате потребно е да ги поделите своите килограми со вашата висина. Жените кои имаат индекс на телесна маса под 18.5 може да имаат проблеми со зачнувањето како и поголема склоност кон остеопороза.

Внимавајте со хормоналната терапија која што се аплицира во периодот на менопаузата. Комбинацијата од некои хормони може сериозно да го уништи вашето здравје. На пример комбинацијата од естроген и прогестоген стимулира рак на градите и јајниците.

Не пушете. Кај жените кои пушат постои двапати поголем ризик од рак на грлото.

Полицистичните јајници и другите заболувања на гениталиите се најчестата причина за појавата на стерилитет. За среќа третманот со витамин Д може да ги спречи овие проблеми. Затоа се препорачува да излезете на сонце барем дваесет минути во текот на еден ден. Доколку се определите за сончање најпрвин размислете дали сте земале определени лекови. Некои медицински средства ја зголемуваат чувствителноста на кожата па така кожата е повеќе склона кон горење. Во оваа група на лекови спаѓаат антибиотици, апчиња за притисок и за намалување на холестеролот, кремови против акни и антисептици.

Секоја четврта средовечна жена страда од депресија или друго ментално нарушување. Една од причините е недостатокот на аминокиселината која што може да се најде во мисирката, сирењето, сливите и бананите.

Жената треба да роди дете пред да ја наполни триесеттата година бидејќи тоа го намалува ризикот од рак на градите. Освен тоа мајките што дојат помалку страдаат од реума.

Редовните вежби за одржување на мускулите и затегнување на торзото спречуваат болки во грбот и половината.

Отекувањето на стомакот може да биде симптом на рак на јајниците. Постојаната болка во стомачниот предел може да биде знак за појава на определен синдром. Понекогаш е потребна итна хируршка интервенција.

Редовниот секс буквално ја подмладува жената. Двесте оргазми во текот на годината ја подмладуваат жената за шест години. Сексот претставува природен начин за подобрување на имуниот систем.

 

Copyright © 2009 selotejp.com