-->

Атланта во полуфиналето

Во седмиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на Источната конференција на НБА лигата, Атланта на свој терен го совлада Мајами со 91:78 и со вкупен резултат од 4:3 во победи се пласираше во полуфиналето.

Противник на Атланта во полуфиналната серија, во која исто така се игра до четири победи, ќе и биде Кливленд. Првиот натпревар во кој Кливленд е домаќин се игра веќе во вторник.

Во полуфиналната серија од плејофот на Западната конференција, Денвер поведе против Далас со 1:0 откако утрово на свој терен го совлада со 109:95.

 

Copyright © 2009 selotejp.com