Откако претходно завршија на суд поради тоа што Џо Сатриани ги обвини за плагирање, рокерот Јусуф Ислам во хитот Viva La Vida на Колдплеј ги пронајде нотите на својата песна Foreigner Suite.
Британскиот рокер Крис Мартин е на мета на обвинувања дека неговиот бенд Колдплеј плагирал некои познати светски музичари. Така, Јусуф Ислам, попознат како Кет Стивенс, популарниот рокер на 70-те, тврди дека неговата песна Foreigner Suite е стои зад хитот Viva La Vida на Колдплеј.
"Се расправаше за тоа дека Колдплеј ја украле оваа песна од Џо Сатриани, но доколку малку подобро јапреслушате, тоа е мојата Foreigner Suite".
Ова е веќе трето по ред обвинување кое го стигна популарниот британски бенд. Откако Сатриани ги обвини за плагијат, минатата година и не толку популарниот бруклински бенд Крики Бордс ги обвини Колдплеј за кражба на нивниот хит The Songs I Didn't Write.
Менаџерот на Колдплеј како по обичај не ги коментира обвинувањата.
Интересно е што Крис Мартин во една прилика за магазинот Ролинг Стоун изјави:
"Ние дефинитивно сме добри, но мислам дека не можеме да речеме дека сме оргинални. Би не опишал како многу добри плагијатори".