Неверојатната кокошка на фармерот Мао Руи може истовремено да снесе две јајца, бидејќи има два отвора. Експертите велат дека кокошката веројатно има два одвоени репродуктивни системи.
-Сега таа има посебно место во нашиот дом. И изработив посебен кокошарник и наместо со трева ја ранам со посебни житарки, изјави Руи.
Фармерот не знаел која е причината за хиперпродукцијата на неговата кокошка, се додека не ја однел на ветеринар на рутинска контрола.