-->

СЗО: клучни денови за ширењето на грипот А во Европа



Следните неколку дена ќе бидат клучни за утврдување на интензитетот со кој новиот грип од типот А ќе се шири низ Европа, изјави денеска директорот за глобално алармирање и реакција на Светската здравствена организација, Мајк Рајан.

Рајан изјави дека досега се реагирало ефикасно и навремено во врска со патниците кои се вратиле во европските земји од Мексико, но дека за тоа каков ќе биде идниот развој на болеста во Европа „ќе може да се каже во следните неколку дена“.

Тој нагласи дека СЗО се уште се обидува да ја утврди сериозноста на новиот грипот од типот А во Мексико. - Сериозноста се уште не е целосно утврдена, истакна Рајан.

 

Copyright © 2009 selotejp.com