-->

И Ферги сака жени

Пејачката на групата Black Eyed Peas која годинава се омажи за актерот Џош Духамел отворено призна дека сака и жени.

Очигледно, бисексуалноста е "ин" кај женските припаднички на шоубизнисот, а откако за тоа јавно проговорија Линдзи Лохан, Пинк, Лејди Гага и Меган Фокс, нивниот пример одлучи да го следи и тазе мажената Ферги.

"Ајде да речам вака, дефинитивно имам експериментирано, но никогаш не сум имала стабилна врска со девојка", откри Ферги.

Поводот за нејзиното разоткривање беше новиот спот во кој има и женско-женска акција.

 

Copyright © 2009 selotejp.com