-->

Вештачки нос открива рак на мозок

Вештачкиот „нос“ кој НАСА го изработи за потребите за контрола на квалитетот на воздухот во вселенската станица, може да послужи за откривање карцином и тоа благодарение на мозочните клетки, објави „EurekaAlert!“.

Неурохирурзите од клиничкиот центар „City of Hope Cancer Center“ во соработка со „Brain Mapping Foundation“ и експертите од JPL одделот на NASA направија серија тестови кои имаа за цел да ги откријат разликите во мирисите и тоа на клеточно ниво.

Резултатите покажаа дека уредот е способен да ги препознае молекулите разредени во воздухот во размер 1:10.000 дел од милион и е во состојба да направи разлика во мирисите на мозочните клетки заразени со карцином од оние кои се здрави.

Истражувачите се надеваат дека ова ќе овозможи на едноставен начин дијагностицирање и рано откривање на рак на мозок.

 

Copyright © 2009 selotejp.com