-->

Наредба да се пуши!


Додека кај нас е објавена ’војна’ против пушачите, локалните власти во централна Кина им наложија на своите службеници да испушат 230.000 кутии домашни цигари за да ја поттикнат економијата.

Наредбата ја издаде власта од провинцијата Хубеи во средниот дел на Кина, а ќе ги казни сите кои ќе ги фатат да пушат цигари од соперничките производители од соседните провинции.

И покрај кампањите против пушење што доаѓаат од Пекинг, локалните власти, борејќи се против кризата имаат цел да ги зголемат своите приходи, па наредија дека мора да се испушат скоро четврт милиони кутии цигари на локалните производители.

Дури и во училиштата се доставени пушачки квоти за професорите, а управната канцеларија во едно село мора да купи дури 400 штеки цигари годишно за своите вработени.

Ваквиот потег треба да ја наполни сметката на локалните управни единици и да ги заштити локалните производители со цигари кои во Кина ги има преку стотина.


Кина има околу 350 милиони пушачи од кои милион годишно умираат од болести поврзани со пушењето. И покрај антипушачките кампањи, данокот на цигарите е еден од важните финансиски инекции на кинескиот буџет.

Локалната власт во провинцијата Хубеи толку сериозно ја сфати својата задача што основа посебна единица за надгледување на пушачите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com