-->

Протести за игралиштето на Тоше Проески

Фанови на Тоше Проески од бившите ЈУ простори се собраа во Крушево за да го бранат игралиштето каде балканската ѕвезда играше одбојка со другарите, а локалната власт го дислоцира за да изгради катна гаража и пазар. Ги пееја песните на Тоше - симболично играа одбојка.

Нашиот протест каков што е е доволен коментар, сакаме Тоше да живее и неговата визија да живее за доброто на крушевчани и на сите луѓе на светот.

На растурањето на игралиштето реагираат и другарите на Тоше - велат дека местото не смеело да се менува. Ги сретнавме на крушевските улици - некој од нив во култното место „Планет“ каде се дружеа со пеачот - како што го нарекуваат Тоше.

Новата локална власт се брани - морале да го дислоцираат игралиштето иградено од претходната локална власт било дивоградба.

Во Крушево го сретнавме и новиот градоначалник Василчо Дамчевски - не сакаше како најповикан да ни каже зошто мора да гради катна гаража и пазар на местото на игралиштето.

Тој вчера се сретнал со фановите од балканот и им кажал што ќе прави со местото.

Од крушевската СДСМ велат дека атмосферата на молк од крушевчани е од притисокот на власта.

Во целата атмосфера се огласи семејството на Тоше Проески и истоимената фондацијата - бараат да престане злоупотребата на името на балканската ѕвезда за лични и други интереси.

 

Copyright © 2009 selotejp.com