-->

Што ќе ти се уши...

Ако веќе ви здосади класичниот пирсинг, или ви е преку глава од тоа вашите диоптерски помагала постојано да ви паѓаат од носот, постои "добро" решение и за овие проблеми.


Џејмс Сој е уметникот кој ги создаде овие необични очила, кои всушност го претставуваат првиот корисен пирсинг на светот. Станува збор за два држачи за стакла кои се поставуваат со класичен метод на пирсинг и се прицврствуваат за коренот на носот. Се што треба вие да правите е да ги менувате стакленцата.

Авторот на овој бизарен изум вели дека не може да носи леќи, па ова му се чинело како единствената добра алтернатива. И иако повеќето нормални луѓе гледаат кон овој тип на пирисинг со недоверба, Џејмс вели дека неговиот изум е прилично практичен, поготово затоа држачите за очила може да се носат и во кревет, додека спиете, без никаква опасност.

Дали вие би пробале нешто вакво? :)

 

Copyright © 2009 selotejp.com