| |
Еден мал музеј во Филаделфија, во американската сојузна држава Пенсилванија, чии збирки во најголем дел се однесуваат на сецесионистичката војна во Америка, поседува парче ткаенина извалкано од крвта на претседателот Абрахам Линколн, кој е убиен во Вашингтон во 1865 година. По консултациите со експертите и историчарите, во управата на музејот имаат намера ова парче ткаенина да биде дадено на ДНК испитување. Во музејот се надеваат дека постапката ќе овозможи конечно да се дојде до одговорот за многуте наводни болести на претседателот Линколн и нивното можно влијание на неговиот начин на размислување и начинот на кој раководел со земјата. Според некои претпоставки, Линколн, кој почина на 56 години како последица од ранување со куршум во главата, бил болен од рак. Еден истражувач дури смета дека Линколн боледувал од Марфанов синдром, наследно пореметување на врзивното ткиво кое се карактеризира со долги екстремитети, дебели усни, прерана катаракта и глауком и проблеми со срцето. Генетската анализа би можела да одговори и на сомневањата на историчарите поврзани за татковството на Линколн, кој многу рано загубил тројца од четворицата синови, како и за неговата постојана депресивна состојба. Уште во 1991 година научниците се обиделе да извршат анализа на делови од черепот и крвта на линколн, зачувани во Националниот музек за медицина во Вашингтон, но за тоа не добиле поддршла од властите. Абрахам Линколн, кој го укина ропството врз афроамериканците, беше член на Републичката партија и шеснаесетти претседател на САД. Оваа година се одбележуваат 200 години од неговото раѓање. | |
Наскоро ќе биде извршена ДНК анализа на крвта на Абрахам Линколн
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)