Британската актерка Луси Гордон, позната по улогата на новинарката Џенифер Дуган во филмот Спајдермен 3 изврши самоубиство.
Како што пренесе радиото France-info, телото на 28 годишната актерка е пронајдено како виси во нејзиниот стан во Париз, во близина на реката Сена.
"Беше ужасна глетка. Младата девојак си го одзела животот во застрашувачки околности. Не бараме извршител, ова е чист случај на самоубиство", изјави еден од полицајците на местото на настанот.
Луси неодамна го заврши снимањето на биографскиот филм за покојниот француски пејач Серж Геинсбург во кој ја играше неговата поранешна пријателка Џејн Биркин. Премиерата на филмот беше одржана на актуелниот филмски фестивал во Кан.