Чизбургерот и чоколадниот бисквит се поздрави од некои производи, наменети за бебиња, покажа последното истражување. Студијата наречена „Junk Food For Babies“ сугерира дека корените на лошата исхрана и проблемот со вишокот килограми треба да се бараат уште во периодот додека сме во пелени.
![](http://vesti.mt.net.mk/images/mcburger.jpg)
Анализата на над 100 прехранбени производи наменети за бебиња и деца покажа дека оваа храна има преголема количина на заситени масти, сол и шеќер.
Експертите велат дека ваквата храна ги тера децата до крајот на животот да сакаат нездрава храна, пребогата со калории.
![](http://vesti.mt.net.mk/images/make-homemade-baby-food-1.jpg)
Лоби групата „Children's Food Campaign“ вели дека детските бисквити „Farley's Original Rusks“ на Heinz содржат многу повеќе шеќер на грам, од препорачаното, а истото се однесува и за солените бисквити кои пак изобилуваат со преголема количина на заситени масти. Анализите покажале дека солените детски бисквити со сирење на Heinz содржат поголема количина на заситени масти дури и од детскиот чизбургер на McDonald.
На црната листа на лоби групата се најдоа и бисквитите на компанијата „Cow & Gate“, кои како што покажаа анализите содржат транс-масти, кои пак се поврзуваат со високиот холестерол и со затнување на артериите.
![](http://vesti.mt.net.mk/images/child_burger.jpg)
Само четвртина од производите на Heinz ги исполнуваат стандардите, а еден од девет производи на „Cow & Gate“ има преголема количина на шеќер. Повеќето производи за бебиња и деца кои се наоѓаат на пазарот се рекламираат како „здрави“. Во реалноста, кога ќе ја утврдите количината на шеќер и на заситени масти гледате дека тие се тотално нездрави за децата. На некои дури и не е наведено дека содржат транс масти, кои се особено штетни. Ова е незамисливо и недозволиво, вели Кристин Хејг од „Children's Food Campaign“.
Последни во оваа категорија:zdravje