-->

Заглавил во љубовницата, па ги нашол мажот и во веце!


Бизарна случка во Италија. За време на работното време еден напален пар пошле во веце, но за несреќа жената добила контракции на вагиналните мускули. Голиот пар прељубници останале заглавени, а ги фатил никој друг, туку сопругот на жената.

Италијански пар прељубници, 37-годишниот Салваторе Маци и Анџелина Марсело (26) од Бергамо пошле скришно во веце во текот на работното време, за да имаат секс.

Меѓутоа Анџелина добила контракции на вагиналните мускули и прељубниците останале заглавени. Голите љубовници ги нашол бесниот сопруг на младата Анџелина, кој чекал да и заврши смената во продавницата за облека, каде што работела.

На крајот морало да реагира медицинска екипа, која ги ослободила посрамотените швалери.

Салваторе, кој работел како обезбедување во продавницата, на крајот е избркан од дома од жената му, а доби и отказ на работа заради секс на работното време.

Касиерката Анџелина исто така доби корпа од сопругот, но ја задржа работата бидејќи шефовите заклучиле дека за време на сексот нејзината смена и завршила.

 

Copyright © 2009 selotejp.com