Така, уделот на паметните телефони во вкупниот број на продадени уреди се искачи на 13.5%, што е пораст во одност на скромните 11% од првиот квартал во 2008.
Компанијата Gartner, која го вршеше ова истражување, јасно потенцираше дека одличната продажба на телефоните на Apple и RIM се доказ дека апликациите и корисните веб-базирани сервиси полека стануваат клучен фактор за пазарот на паметни телефони.
Symbian сега зазема 49.3% од глобалниот пазар на паметни телефони, што е намалување во однос на 56.9-те проценти колку што имаше само една година порано. RIM го зголеми уделот од 13.3 на 19.9%, а iPhone го дуплираше својот дел од 5.3 на 10.8%.
Што се однесува на вкупниот пазар за мобилни телефони, Nokia и понатаму доминира и покрај тоа што уделот на компанијата падна на 36.2%. Samsung бележи пораст во позицијата и сега зазема 19.1%, а зад нив се LG со 9.9%. Motorola е на четврто место (6.2%), а Sony Ericsson со 5.4% е последен на листата на мобилните големци.