-->

Сопругата на Берлускони бара развод

Сопругата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони поднесе барање за развод на бракот, јавија италијанските гласила.

Кабинетот на италијанскиот премиер се уште не го коментирал барањето на Вероника Ларио.Според весникот Ла Стампа сопругата на премиерот рекла дека е принудена на таков чекор.

Таа се налутила минатата недела бидејќи партијата на премиерот на кандидатската листа за јунските избори во Европскиот парламент номинирала ТВ водителки, манекенки, актерки и други убавици. Налутена била и затоа што Берлускони бил на роденденската забава на една 18-годишна девојка во Неапол.

Силвио Берлускони и Вероника Ларио се венчале во 1990 година и имаат три деца. Берлускони има уште две деца од првиот брак

 

Copyright © 2009 selotejp.com