-->

Вердер го пушта Диего


Спортскиот директор на Вердер од Бремен, Клаус Алофс, признава дека Диего може да го напушти клубот за време на летниот трансфер период.

Баерн Минхен изрази голема желба за бразилскиот плејмејкер и пред неколку дена генералниот менаџер Ули Хенес изјави дека ако Рибери си замине од Баерн, Диего ќе биде неговата замена.

Исто Јувентус и Манчестер Сити се многу блиску до ангажирање на поранешниот фудбалер на Порто и бразилски репрезентативец. Сепак Алофс истакнува дека само ако им ја понудат бараната цена тогаш ќе може да преговараат.

“Не можам да речам дека не го продаваме, затоа што може некој ќе испадне со некоја понуда која ние не можеме да ја одбиеме.“

“Ако Баерн се јави, нема да ја спуштиме слушалката.“

 

Copyright © 2009 selotejp.com