Во Германија е потврден шести случај на лице инфицирано со вирусот H1N1 на новиот грип од типот А, соопшти денеска здравствениот Институт „Роберт Кох“.
Во соопштението се посочува дека станува збор за 38-годишен жител на германската покраина Баварија, кој се заразил од друг заболен, кој претходно се инфицирал со вирусот за време на престојот во Мексико.
Ова е втор инфициран од грипот А од истото заболено лице, откако претходно од него се зарази и една 46-годишна медицинаска сестра вработена во болницата во кој тој е хоспитализиран.
Директорот на Институтот „Роберт Кох“, Јорг Хакер информира дека ниту еден од шестмината заболени од новиот грип од типот А во Гермнаија не се наоѓа во животна опасност.