-->

Екстерното тестирање и за матурантите

Наместо за матурска вечер, матурантите треба да се подготвуваат за полагање на екстерни тестови. Неофицијано Сител дознава дека дека матурантите екстерно ќе бидат тестирани за една недела или на 10 мај.

Екстерното тестирање за основците и другите средношколци ќе се реализира од 1 јуни. Но без разлика дали тоа ќе се реализира, неговата уставност е под знак прашалник.

Уставниот Суд за околу еден месец треба да се произнесе дали ќе го укине или не. Министерот Стојановски вели дека,подготовките за екстерното оценување си течат според предвиденото.

Тестовите за екстерното тестирање се подготвени и доставени до ресорното Министерство.

Освен екстерно тестирање, матурантите ќе полагаат и државна матура која ќе се реализира на 11 и 13 јуни. Новитетет оваа година е тоа што таа ќе се спроведе и во уметничките и музичките училишта.

Предуслов за запишување на факултет е положена државна матура за која се пријавиле дури 80 отсто од матурантите.

 

Copyright © 2009 selotejp.com