Скандалозното однесување на фудбалерите на Челзи по натпреварот против Барселона во полуфиналето од ЛШ нема да пројде неказнето, а се чека на судискиот извештај по што ќе биде започната постапка пторив Дидие Дрогба и Михаел Балак.
Двомечот помеѓу Челзи и Барселона, а посебно реваншот во Лондон ќе остане запамтен и по големиот број грешки на норвешкиот судија кој на домашниот тим не му досуди најмалку два пенали. Лошите одлуки на сметка на Челзи ги компензираше со измислен црвен картон за фудбалерот на Барселона, но ни тоа не му помогна одвај да избегне класичен линч.
Германскиот репрезентативец Михаел Балак само што не го удри пред крајот на мечот, а по последниот свиреж се најде во многу близок контакт со Дрогба кој во тв камерата почна да вика дека Хенинг е е...а срамота.
На Балак и Дрогба им се заканува истрага, а УЕФА чека извештај од судиите и делегатите. Покрај тоа, Челзи најверојатно ќе биде казнет и поради однесувањето на своите навивачи кои со знаменца ги гаѓаа навивачите и стручниот штаб на Барселона.
Дрогба се извини
Напаѓачот на Челзи упати извинување поради своето однесување по мечот, изјавувајќи дека навистина претерал.
"Бев прилично вознемирен од тоа што се случи, а кога на телевизија видов што сум направил, сфатив дека сум претерал. Мојот речник пред камерите не беше примерен, фудбалот денес го гледаат многу деца. Жалам за своите постапки", изјави Дрогба.