-->

Кинеските научници ја открија тајната на брадестите жени

woman-shaving by you.

Научниците ја открија генетската аномалија која предизвикува растење на брада кај припадничките од понежниот пол. Жените кои страдаат од ова генетско пореметување често пати се подложени на потсмев и други непријатности.

Кинеските научници ја открија генетската неправилност која го предизвикува синдромот наречен "брадеста жена" кај пациентите кои некогаш се сметале за чудовишта, па дури биле и изложувани како атракција во разни циркузи во минатото.

Најпознатиот таков случај во медицинската историја потекнува уште од 19. век. Станува збор за Мексиканката Јулија Пастрана, чија медицинска состојба бескруполозно ја искористил еден продуцент, со кого таа патувала низ целиот свет како "невидено фрик шоу" - потсетуваат во својата студија научниците од Медицинската академија во Пекинг, која веќе беше објавена и во магазинот American Journal of Human Genetics.

Пастрана боледувала од хипертрихоза (CGHT), хормонално пореметување кое предизвикува абнормален раст на влакна по телото и изобличеност на лицето на пациентот.

"Генетската мутација која ја предизвикува CGHT до денес не е откриена", објаснува др. Жанг Ксуе, еден од авторите на истражувањето. Научниците успеаа да откријат дека генетските аномалии во хромозомот 17q24.2-q24.3 се тие кои го предизвикуваат овој непријатен синдром кај жените.

За ова истражување, др. Жанг и неговиот тим извршија серија анализи врз членовите на три Кинески семејства кои страдаат од оваа болест.

"Нашето испитување јасно утврдува дека CGHT е генетско пореметување", објаснува др. Жанг, кој потенцираше дека сеуште се потребни додатни истражувања со цел да се разберат точните молекуларни механизми на болеста и нејзината појава.

 

Copyright © 2009 selotejp.com