-->

Најстарото човечко влакно откриено во изметот на хиена

Најстарото пронајдено човеково влакно му припаѓало на човек кој живеел пред 200.000 години, пишува стручниот магазин „Journal оf Арcheological Science“.

Весникот наведува дека тим архолози од јужноафриканскиот универзитет Витвотерсранд на ископините во Гледсвел Кејв, во близина на Јоханесбург, пронашле фосилизиран измет од хиена кој соддржел структура слична на човечко влакно.

По набљудувањето со помош на скенирачки електронски микроскоп е утврдено дека станува збор за човекови влакна, од кои пет се многу добро сочувани.

Со методот на датирање е утврдено дека изметот е оставен некаде пред 195.000 до 257.000 години.

Во тоа време во Јужан Африка истовремено живееле Хомо сапинес и Хомо хеиделбергенсис( Хајделбершкиот човек) или таканаречениот архаички Хомо сапиенс.

Археолозите сметаат дека човеквоите влакна се нашле во изметот на животното бидејќи најверојатно гладната ѕверка го растргнала праисторискиот човек.

Досега најстаро беше влакното пронајдено на една мумија стара 9.000 години, која беше откриена во една древна чилеанска гробница.

 

Copyright © 2009 selotejp.com