-->

Лавров верува во договор со САД за вооружувањето

Русија е подготвена за компромис со САД во врска со Договорот за контрола на нуклеарното оружје, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нагласувајќи дека договорот ќе биде постигнат до крајот на годината.

Лавров ја поздрави конструктивната улога на новата американска администрација во преговорите со Русија и нагласи дека дипломати од двете страни работат на детали за договорот за контрола на оружјето.

Шефот на руската дипломатија најави дека претседателот Медведев за тоа ќе разговара со американскит претседател Барак Обама на средбата во Москва (6-8 јули).

Лавров кој е во посета на САД изјави за руски медиуми дека првите контакти покажуваат знаци за добри шанси да се доближат позициите на САД и Русија.

Новиот договор треба да го замени Договорот за ограничување на стратешкото оружје од 1991 година чија валидност трае до декември оваа година.

- Се надеваме дека до крајот на годината ќе го усогласиме текстот на договорот кој ќе биде прифатлив за сите страни иако останува малку време, изјави Лавров. Според Договорот СТАРТ ограничено е поседувањето на нуклеарни боеви глави на по 6.000.

 

Copyright © 2009 selotejp.com