-->

Сузан Бојл се шета со откопчан шлиц

Многу анонимуси со нетрпение чекаат шанса да излезат на сцена и да покажат што знаат и умеат, а кога тоа ќе се случи веднаш почнува да им смета големото медиумско внимание и фотографите кои им го следат секој чекор. Првото незгодно искуство на новопечената пејачка ѕвезда Сузан Бојл се случи токму деновиве кога на фотографите им позираше пред својата куќа, притоа заборавајќи да го закопча шлицот на пантолоните.

Сигурно не и било пријатно кога ја видела сликата со својот откопчан шлиц која го обиколи целиот свет, но сепак тоа е дел од животот на славните. Но, сега нема назад, освен ако повторно не се одлучи за анонимност, повлекувајќи се од светот под рефлектори и продолжување со стариот живот. Меѓутоа, очигледно на Сузан Бојл не и паѓа на памет да се повлече од славата за која сигурно цел живот сонувала и која и се случи преку ноќ. Бојл секојдневно е опседната со медиумите и очигледно прави се за да остане во центарот на вниманието.

- Не можам да сфатам што и се случува. Од една скромна домаќинка која го фасцинираше светот, стана една обична луда стара жена. Секој ден го менува стилот и претерува со појавувањето во медиумите. Не знам, можеби грешам, но мислам дека ова е премногу. Сузан требаше да остане скромната жена која полека ќе го освојува светот, изјави познат британски музички критичар.

 

Copyright © 2009 selotejp.com