-->

Хосе Карерас најави повлекување од оперската сцена

Славниот оперски пејач Хосе Карерас, еден од Трите тенори, покрај Лучијано Павароти и Пласидо Доминго, денеска најави повлекување од оперската сцена.

Карерас, кој своевремено ја победи леукемијата, во интервју за британскиот весник „Тајмс“ вели дека повеќе не може да ги исполнува исцрпувачките барања што ги наметнуваат улогите.

„Кога ги подготвувам рециталите прилагодувајќи го репертоарот на сопствените потреби, тогаш немам проблеми...Но што се однесува до оперите, освен во исклучително поволни услови, мојата кариера е завршена“, додава Карерас.

Со повлекувањето на Карерас, Пласидо Доминго останува единствениот активен член на најславното трио во оперската историја. Павароти умре од рак на тироидната жлезда во септември 2007. година.

 

Copyright © 2009 selotejp.com