Пештерите Врело, едно од македонски предавници за Светско чудо на природата, се наоѓаат на 23 место во својата категорија.
Уште 16 места погоре и ова импозантно дело на природата може да влезе во полуфинале. Пештерите Врело - атрактивна дестинации за туристите.
Воодушевени се од она што природата со илјадници години го создавала. Врело или надземната пештера која мештаните ја нарекуваат Крстилница, е млада пештера во која сталактитите и сталагмитите се уште се формираат.
Покрај пештерските украси, посебна убавина и даваат двете езера.
„Многу ни се допадна пештерата, воодушевени сме од тој природен феномен, се надеваме дека ќе биде номинирано и ќе стане едно од Седумте чуда на светот. Исклучително е грандиозен и многу ни се допаѓа“, рече турист од Бугарија.
До пештерите Врело може да се стигне само само преку кањонот, со чамец. Подземната пештера се уште не е целосно истражена.
Долга е 426 метри, а длабока најмалку 98 метри. До таа длабочина стигнале нуркачите од Белгија кои ги направиле првите истражувања на пештерата.
Најдлабоката пештера во Европа е во Италија, длабока 181 метра. Но, спелео-нуркачите велат дека Врело може да го урне европскиот рекорд.
Двете пештери се дел во кањонот Матка каде вкупно има 10 пештери. Кањонот зафаќа површина од 5.000 хектари.
Од 1.000 растенија кои виреат на ова место, дури 20 проценти се ендемски. Од 77 видови на пеперутки кои ги нема на други места во Европа, 18 видови се непознати за науката.