Хипија од следната сезона во Баер Леверкузен
35-годишниот фински репрезентативец и фудбалер на Ливерпул, Сами Хипија ја прифатил понудата на германскиот прволигаш Баер од Леверкузен за потпишување на двегодишен договор.
Оваа вест ја испрати Ливерпул преку својата службена веб страница. Хипија ги минал лекарските прегледи, а на својот нов клуб Баер ќе му се придружи на подготовките за новата сезона.
Хипија во Ливерпул стигна 1999 година од холандскиот клуб Вилем Втори за два и пол милиони фунти. Во текот на 10 години минати на "Енфилд" остави неизбришлива трага, па долго време беше незаменлив на својата позиција, а ја носеше и капитенската лента, пред истата да му биде предадена на Стивен Жерард.
Но, по пристигнувањето прво на Данецот Даниел Агер, а потоа и на Словакот Мартин Шкртел, Хипија почна да ја губи стандардната позиција во тимот. Хипија сеуште сака да игра на високо ниво, па го прифати двегодишниот договор од Баер.

Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)