-->

Видео: Крокодилски пријателчиња


Најдобри другарчиња на малечката Маргарита се Миша и Маша. И во тоа не би имало ништо чудно, да не се работеше за крокодили. Девојчето си игра со опасните рептили како да се работи за најбезопасни домашни миленичиња.

Би му дозволиле ли на вашето дете да си игра со крокодили? Со вистински крокодили? Родителите на Маргарита Тарантинa во Санкт Петербург, Русија мислат дека тоа е најнормална работа на светот.

Четиригодишното девојче си игра со крокодилите откако знае за себе. Како што вели нејзиниот татко, Сергеј Тарантин, крокодилите стигнале во семејството неколку недели пред Маргарита да се роди. Имено, тој ги тренира овие животни за во циркус.

Кога имала само два месеци, родителите ја ставиле во кафез со тогаш малечките крокодили. Но, рептилите во меѓувреме пораснаа, а Маргарита седи, лежи на нив и ги влече за опашка без никаков страв.



Нејзиниот татко тврди дека досега немало ни најмали инциденти со опасните миленичиња, па ни гребаници.

„Крокодилите се предатори, но имаат разум, знаат дека таа е само дете и дека не сака да им наштети“, додава Сергеј.

 

Copyright © 2009 selotejp.com