-->

Расте желбата за почнување сопствен бизнис

Кризата и песимистичките економски прогнози не ги плашат претприемачите да отпочнат сопствен бизнис. Расте бројот на младите луѓе кои чекаат помош од бизнис инкубаторите каде добиваат канцеларии, совети и обуки за заживување на самостоен мал или среден бизнис. Околу дваесетина идеи веќе се развиваат во мали компании.

Во услови на намалена економска активност во земјава поради глобалната криза, како и растечки трговски дефицит, експертите сугерираат токму развој на мали и средни претпријатија кои ќе се пробиваат на странските пазари.

Заложби за поттикнување на претприемачкиот дух покажува и Владата, иако токму Агенцијата за претприемништво годинава има скратен буџет на располагање.
Оптимизмот кај младите претприемачи останува и покрај стотината мали погони кои ставија клуч на врата во последниве месеци.

 

Copyright © 2009 selotejp.com