-->

Аршавин: "Сеуште не се адаптирав"

Рускиот интернационалец и напаѓач на Арсенал, Андреј Аршавин, им откри на медиумите дека сеуште не успеал да се адаптира на Примиер лигата и начинот на живот во Англија.


Иако во 13 натпревари за "Топџиите" постигна шест гола, од кои дури четири против Ливерпул во дербито, рускиот репрезентативец и поранешна ѕвезда на Зенит, Андреј Аршавин, призна дека сеуште не се прилагодил на англискиот фудбал.

"Сакав да осетам дали можам да играм во Англија. Понекогаш осеќам дека можам, но понекогаш и не, а мислам дека тоа е поради левата напаѓачка позиција на која играм."- изјави Андреј Аршавин.

"Сеуште неможам целосно да се навикнам на фактот дека сум способен да играм на левата страна во средината и тоа не ми дава целосно да уживам во играта"- заврши тој.

 

Copyright © 2009 selotejp.com